Четириесет и девет мртви во напади на џамии на Нов Зеланд, напаѓачот објави манифест

Четириесет и девет луѓе се убиени а повеќе од 48 се тешко ранети во напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во петокот, објавија новозеландската премеирка Џасинда Ардерн и комесарот на полицијата Мајк Буш, додавајќи дека станува збор за терористички напади, пренесуваат агенциите.

Масакрот кој е извршен во текот на молитвите во петокот е најмасовниот смртоносен напад на Нов Зеланд.

Комесарот Мајк Буш рече дека 41 лице е убиено во џамијата Масџид ал-Нур, додека осум се убиени во џамијата во квартот Линвуд. „Мислиме дека 49 лица го загубиле животот во овој екстремно насилен чин. Јасно е дека тука станува збор за терористичките напади“, рекла Ардерн.

Додала дека на Нов Зеланд е прогласена состојба на зголемена приправност, Потврдила дека четири лица се уапсени по пукањето во двете џамии. Ардерн рекла дека тие лица израувале екстремистички ставови, но не биле на полициските листи за следцени лица. Медиумите наведуваат изјави на очевидци дека во нападите е користено автоматско оружје и експлозив.

Објавен манифест по нападот, напаѓачот е Австралиец?

Снимка од пукањето кружеше на социјалните мрежи на коишт се гледа наводниот напаѓач како вози кон џамијат, влегува во неа и неселективно пука во верниците. Човек кој бил присуден во џамијата Масџид ал-Нур рекол за агенцијата Reuters дека напаѓачот е белец, русокос и носел кацига и панцирен елек. Влетал во џамијата додека верниците биле на колена во молитва, „Имаше голема пушка, дојде и почна да пука врз сите во џамијата“, рекол сведокот Ахмад ал-Махмуд, Додал дека некои избегале кршејќи ја стаклената врата.

Јавното новозеландско радио цитираше сведок кој рекол дека бил во џамијата и дека видел четири лица како лежат на подот и оти „крв имаше насекаде“.

Во џамијата Масџид ал-Нур била и целата крикет репрезентација на Бангладеш која во сабота треба да игра против Нов Зеланд, а Reuters јавува дека никој од нив не е застрелан.

Полицијата ги предупредува граѓаните во центарот на градот да не ги напуштаат своите домови, а затворени се сите училишта во целиот Крајстчрч. „Ова е еден од најтажните денови на Нов Зеланд, Она што се случи бил незабележан чин на насилство“, рече премиерката Ардерн.

Во една од џамиите оган отворил Брентон Тарант, жител на австралискиот град Графтон. Тој, според телевизијата 1 News директно го пренесувал нападот и пред него објавил манифест на 37 страници во кој својата акција ја нарекува терористички напад. На снимката на интернет се гледа како напаѓачот дека има камера прицврстена на главата и покажува црвени канти за бензин во неговиот автомобил, со оружје. Мажот бил познат по ултрарадикалните ставови. По него во моментов се води потрага, а привдени се четири лица осомничени за вмешаност во нападот се притворени.

Началникот на новозеландската полиција Мајк Буш потврди дека се уапсени четири лица, тројца мажи и една жена, кои сега се ставени во притвор, но не е јасно дали се поврзани директно со пукањето.

Според пописот на населнието од 2013 година, на Нов Зеланд има само еден отсто муслимани,

„Многумина кои се погодени со овој напад се мигранти во нашата земја. Можеби биле бегалци. Го одбрала Нов Зеланд како свој нов дом… тие се ние.
За лицетот коешто го стори ова злосторство против нас…. нема место на Нов Зеланд“, додаде Ардерн.

Насилните злосторства се реткост на Нов Зеланд, и полицијата вообичаено не носи оружје. Претходно најголемо пуање во историјата на Нов Зеланд се случи во 1990 година кога напаѓач усмрти 11 мажи, жени и деца во 24-часовното дивеењет во селото Арамоани. Полицијата потоа го усмрти напаѓачот.