Четириесетгодишник приведен во Ѓорче Петров додека нудел марихуана

Четириесетгодишен маж бил приведен во средата вечерта додека во скопската населба Ѓорче Петров предродавал марухуана, а бил пресретнат од инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога, соопшти во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници синоќа околи 19 часот ги аупсиле осомничениот, идентификуван како 40-годишниот Е.М., кој на подрачјето на Општина Ѓорче Петров нудел марихуана. При претресот кај него била пронајдена кеса со дрогата која му била подготвена за натамошна продажба.

Лицето, како што се посочува, е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори“. Кривичното дело е предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.