Четириесеттина мигранти се удавиле близу Мароко

Четириесет и тројца миганти, меѓу кои три мали деца и четиринаесет жени, загинале во неделата при потонување на нивниот чемец близу Тарфеја на југот на Марокот, соопшти во понеделникот вечерта за агенцијата AFP шпанската невладина организација „Caminando Fronteras“.

Од 43-те загинати мигранти, од кои повеќето од Африка јужно од Сараха, пронајдени се две тела додава организацијата коај својот извештај го темели на исказите на преживеаните и семејствата на мигрантите. Десет лица од чамецот се спасени, според истиот извор.

„Дестина преживеани, меѓу кои се шест жени, повикале помош во 4 часот наутро во неделата, и продолжиле да комуницираат до 6 часот. На мараканските власти им биле потребни повеќе часови да ги лоцираат и да ги спасат во морето близу Тарфеја“, изјави портпаролот на шпанската невладина организација.

Според сознанијата, мигрантите се упатиле кон шпанските Канарски острови. Мароко, кој е во северозападна Африка, е транзитна земја за голем број мигранти кои сакаат да се префрлат во Европа од неговите атлантски или медитерански брегови.

Извештајот кој на почетокот од јануари го објави „Caminando Fronteras“, покажува дека повеќе од 4.000 мигранти загинале или исчезнале минатата 2021 година на патот кон Шпанија, што е двојно повеќе отколку претходната 2020 година. Нивните трупови главно, во околу 94 отсто, никогаш не се пронајдени и се водат како исчезнати.

Во 2021 година повеќе од 37.300 мигранти, главно преку Мароко, пристигнале во Шпанија преку морски пат, покажуваат најновите податоци на шпанското министерство за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.