Четиринаесет деца загинаа во пожар на Хаити

(AP Photo/Dieu Nalio Chery)

Четиринаесет деца на возраст од 10 и 11 години, загинаа во пожар кој избувнал во детски дом на Хаити, пренесува информативниот портал Haiti Libre.

Според новинскиот извештај пожарот избувнал во четвртокот ноќта по локално време во црковен дом за згрижување деца, воден од непрофитна организација чие седиште е во американската сојузна држава Пенсилванија.

Генералниот директор на институтот за социјална благосостојба и истражувања, Ариел Вилдруан, детскиот дом каде што се случила трагедијата, немала одобрение за работа.

Според сонзанијата на порталот, причина за пожарот веројатно е несреќен случај, бидејќи во сиропиталиштетот за осветлување се користеле свеќи поради проблеми со генераторот и инверторот.

Локалните медиуми наведуваат дека на пожарникарите им биле потребни околу час и половина за да пристигнат на местото на несреќата.

Роуз-Мари Луис, негувателка во домот за агенцијата The Associated Press изјавила дека видела како 13 детски тела се изнесени од Домот за деца без родилети на Црквата на билиското разбирање, во областа Кенскоф во близина на хаитската престолнина Порт-о-Пренс.

Мари-Сониа Чери, медицинската сестра во блиската болница на мисијата на Баптистичката црква, потврдила дека примиле починати 13 мимченца и девојченца.

Катијана Џозеф, доктор во Баптистичката црква, пак, дала поинаков извештај, велејќи дека четиринаесетте жртви биле на возраст од 3 ддо 18 години.