Четиринаесет лица повредени, од кои три тешко во сообраќајки вчера во Скопје

Вкупно 14 лица се повредени во сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие. Од нив, тројца се со тешки телесни повреди, а 11 со лесни повреди.

Покрај ова, во четири од вкупно 15 сообраќајки е причинета материјална штета.

Според полицискиот билтен, 44 возачи возеле побрзо од дозволеното, тројца биле под дејство на алкохол, а од сообраќај се исклучени и 11 возачи кои возеле пред да се стекнат со возачка дозвола и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и девет технички неисправни возила и девет нерегистрирани.

Во изминатото деноноќие издадени се и 75 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 64 возила.