7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Четиринаесет мигранти откриени во куќа во Ваксинце

Мигранти од Авганистан, Пакистан и Индија во петокот биле пронајдени во домот на жител на село Ваксинце.

Како што соопшти МВР, вера од 21 до 22:50 часот по претходна судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај Б.А.(44) од село Ваксинце при што се пронајдени 14 лица мигранти и тоа шест од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан.

Б.А. бил лишен од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.