Четиринаесет мигранти загинаа на пругата кај Велес

Четиринаесет лица загинале во железничката несреќа која синоќа околу 22.30 часот се случила на железничката пруга Велес – Скопје.

Како што информираат од СВР Велес за Нетпрес, експресен воз која сообраќал на релација Солун  – Белград удрил во поголема група мигранти.

Според информациите несреќата се случила на потегот помеѓу железничкото стојалише Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња.

Машиновозачот ја забележал групата мигранти која седела на шините и почнал да кочи. Дел од нив реагирале и побегнале, а дел од нив останале на пругата.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска за Нетпрес вели дека на лице место биле затекнати 14 мртви мигранти, а 8 други лица биле приведени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.