Четиринаесет пати поголемо загадување на воздухот од дозволеното, Скопје второ во светот

Загаденоста на воздухот во Македона се влошува на дневно ниво, а во петокот вечерта нивото на канцерогентие ПМ 10 честички се искачува на некои места и до 14 пати над максимално дозволената граница откако во раните попладневни часови беше поголема за седум пати, а главниот град Скопје вечерва е на второтп место во светот според ареозагаденоста.

Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички над 700 микрограми на метар кубен. Во Ѓорче Петров, мерната станица во 21 часот покажуваше 705 mg/m3, што е 14 пати над дозволеното.

Кај Ректорат мерната станица покажува 560 микрограм на метар кубен, таа во Центар 409, додека таа во Карпош 471.

Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Кичево загаденоста изнесува 303 микрограм на метар кубен, во Струмица 566.

Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.

Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на второ место во светот според загаденоста. На оваа страница рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.