Четиринаесет сообраќајки вчера во Скопје

сообраќајки

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 30 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафор, петмина управувале возило под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и девет возачи без возачка дозвола односно нерегистрирано возило. Санкционирани се и четворица пешаци кои  сториле прекршоци по разни основи.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 86 возила.