Четирите арапски земји објавија дека санкциите за Катар остануваат

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон (л) и катарскиот министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани на прес-конференција во Доха, 11 јули 2017/ Photo by AFP

Четирите арапски земји од Персискиот залив, коишто пред еден месец воведоа санкции за Катар, објавија во вторникот дела нивните санкции остануваат и натаму на сила, сѐ додека Катар не ги прифати нивните барања, како и дека внимателно ќе ги набљудуваат напорите кои овој мал но богат емират ги вложува за да го спречи наводното финансирање на тероризмот.

Во заедничката изјава која во своите државни медиуми ја објавија сите четири земји: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин, се наведува дека ги ценат напорите на САД во борбата против тероризмот, но дека внимателно ќе го следат однесувањето на Катар.

Вашингтон и Доха во вторникот потпишаа договор наменет на борбата против финансирањето на тероризмот, во текот на посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон , кој престојуваше во Катар со цел да помогне да се заврши кризата меѓу арапските сунитски земји кои се регионални сојузници на САД.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати Егиепт и Бахреин на почетокот од јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар и го блокираа копнено, поморски и воздушно, обвинувајќи го малиот но пребогат емират дека ги поддржува исламситичките и терористички групации во регионот, како и за сојузништво со регионалниот ривал шиитски Иран. Официјална Доха ги отфрла овие обвинувања како неосновани.

Земјите му поставија ултиматум на Катар и во официјалното барање со 13 барања, се бара меѓу другото да се поддржува панарапското исламистичко движење Муслиманско братство, џихадистичките мрежи Исламска држава и Ал Каеда, да ја затвори сателитската меѓународна телевизија Al Jazeera и да ја намали соработката со Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.