Четирите нови правила во ракометот стартуваат од 1.јули

Ракометот од 1-ви јули има нови правила:

1. При ПАСИВНА ИГРА, бројот на додавања ќе биде НАМАЛЕН од ШЕСТ на ЧЕТИРИ додавања.

2.Терминот „ОПАСЕН ШУТ“. Секој шут од игра или седмерец што ќе заврши во главата (не само лицето) на голманот се смета за опасен шут и се казнува задолжително најмалку со две минути, по проценка на судијата и црвен картон. Во предвид ќе се земаат шутевите само кога играчот не е попречен од противникот, односно кога нема пред себе играч.

3.БРЗ ЦЕНТАР. Новитет е што на центарот на теренот ќе мора да има круг со радиус од 2 метра што ќе биде означен/обоен со поинаква боја од другиот дел на теренот. Акцијата по примен гол ќе може да почне од кој било дел на кругот, во дадена ситуација и 2 метра во просторот на противникот.

4. САМОЛЕПЛИВИ ТОПКИ. Новите самолепливки топки (на кој нема да смее да се користи лепак) ќе се појават и на Светското првенство за кадетки кое летово ќе се одржи во Македонија.