Четворица астронаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица

39

НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре.

Астронаутите од екипажот „Кру-3“ – Раџа Чари, Кајла Барон и Том Маршбурн од САД, и Матијас Маурер од Германија полетаа со капсула „Кру драгон“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ синоќа во 21:03 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Мисијата е дел од партнерството на НАСА со „Спејс-Икс“ на Илон Маск, чија цел е да се обнови капацитетот на САД за вселенски летови со луѓе. Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа и поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со посадата. НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19.

Астронаутите ќе минат шест месеци на МВС и ќе спроведат различни истражувања кои треба да дадат потребни податоци за идните истражувања на подалечното вселенско пространство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.