Четворица фудбалери на Сампдорија позитивни на коронавирусот

Италијанскиот фудбалски прволигаш Самдорија потврди дека четворица нејзини играчи се заразени со коронавирусот, а еден од нив веќе по вторпат.

„Во моментов се без симптоми и во карантин, па ќе бидат следени во согласност со протоколот“, објави Сампдорија на клупската интернерт страница.

Во март пет играчи на Сампдорија: Маноло Габадини, Мортен Торсби, Албин Екдал, Омар Коли и Антонио Ла Гумина, како и клупскиот лекар Амадео Балдари, беа позитивни на коронавирусот.

Ден претходно и Фиорентина објави дека тројца нејзини играчи и тројца челнови на стручниот штаб се заразени, а во средата Торино објави дека еден фидбалер е позитивен на коронавирусот.

Во четвртокот италијанската влада објави дека сѐ уште ги разгледува здравствените препораки за клубовите на Италијанскиот фудбалски сојуз, кој инсистира на продолжување на прекинатата сезона.

Клубовите во Серија А оваа седмица ќе започнат со индивидуалните тренинзи, откако изминатите два месеца минаа во карантин. Сите играчи мора да бидат тестирани и мора да ги следат упатствата за безбедност.

Челниците на италијанскиот фудбал дискутираа со медицинските стручњаци за можното враќање на екипните тренинзи на 18-ти мај, а одлуката ќе биде донесена во текот ан следниата седмица, Италијанското првенство беше прекинато на 9-ти март, а до крајот на сезоната останаа уште 12 кола. Можната дата за продолжување на натпреварувањето сѐ уште не е позната.