Четворица грчки полицајци суспендирани за бруталност врз малолетник

Четворица грчки полицајци се суспендирани поради жестоките реакции на јавноста во неделата, откако еден од нив додека биле во патрола тепал 11-годишно дете, а ициндетот кој се случил во саботата во атинскиот кварт Мениди, бил снимен од надозрните камери.

Четвориците полицајци на два мотоцикла од специјалните полициски моторизирани единици DIAS запреле две деца на улица и во текот на разговорот еден од полицајците двапати по лицето и главата го удрил едно од децата, пишува во неделата порталот newsit.gr, кој објавува снимка од инцидентот.

Кога тепаното момченце сакало да замине, друг полицаец го вратил. Тројцата полицајци кои гледале како нивниот колега го тепал детето не сториле ништо да го спречат, а откако на улицата се појавил автомобил се качиле на мотоциклите и си заминале.

Како што се наведува во извештајот на порталот, полицајците ги прашувале децата каде одат, и едно од нив одговорило дека одат во продавницата на неговиот татко. Инцидентот дошол до медиумите откако ги алармирал вработен во болницата каде што таткото го однел својот 11-годишен син.

„Момченцето беше во ужасна психолошка состојба и исплашено. Еден сосед на семејството во Мениди ја испрати видеоснимката од надзорните камери кои постојано се вклучени“, пишува порталот.

Полициските власти соопштија дека одделот за внатрешна истрага го проучува случајот на полициска бруталност над малолетно лице. Според одлуката на полицијата, четворицата полициски службеници се привремено суспендирани од службата

„Решено е раковоителот на полициската управа на Атика да контактира со семејството на детето и ќе обезбеди психолог за негова помош, доколку сака“, се наведува во соопштинието на атинската полиција.

Единицата на мотоциклистичката полиција DIAS е формирана во март 2010 година за справување со насилните улични злосторства, како грабежи, силувања, тепачки и убиства. Ја сочинуваат 2.500 полицајци, кои главно доаѓаат од специјалните сили и редовно минуваат низ посебна обука и едукација.

Политичката иницијатива за фомирање на DIAS дојде од тогашниот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, кој од јули 2019 година повторно го презема овој ресор.