Четворица кандидати за претседател на Европскиот парламент

За местото претседател на Европскиот парламент во втората половина од мандатот на составот од 2019 до 2023 година кандидати се Роберта Метсола од Европската народна партија (EPP), Алис Кинкер Алис Кинке од Зелените, конзервативецот Козма Слотовски и Сра Рего од Левица, соопшти парламентот.

Поптретседателот на ЕП, Португалецот Педро Силва Переира од социјалистите (S&D), ги објави имињата на четворицата кандидати на пленарната седница во четвртокот вечерта, по затворање на рокот за пријавување за првиот круг од гласањето.

Малтежанката Роберта Метсола од EP, Швеѓанката Алис Бах Кунке од Зелените/EFA, Полјакот Козма Злотовски од EKR и Шпанката Сира Рего од Левицата, накратко ќе претседаваат во вторникот во 9 часот, непосредно пред првиот круг од гласањето во вторниот претпладне.

Кандидатите за председател може да ги предложи пратеничката група или група европарламентарци кои госочинуваат таканаречениот „низок праг“, што е една дванаесеттина од пратниците, односно 36 од 795 пратници кога сите мандати се активни. Кандидатурите може да бидат истакнати или да се повлечат пред секој круг од гласањето.

За избор на претседателот на ЕП потребно е апсолутно мнозинство од гласовите, односно 50 отсто плус еден глас, а гласањето е тајно. Поради пандемијата на коронавирусот, гласањето ќе се одвива онлајн. Доколку ниту по три круга нема победник, двајцата кандидата со најмногу гласови од третиот круг учествуваат во последниот четврти круг, а за претседател ќе биде избрам оној кој има најмногу гласови.

Претседателот на Европскиот парламент има широки извршни и претставнички овластувања кои се наведени во челнот 22 од Деловникот. Покрај наборениете должности, претседателот ги има „сите воластувања потребни за водење на парламентарните постпаки и обезбедување на нивни правилно водење“, се наведува во соопштението на ЕП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.