Четворица министри се потенцијалните цели на „метлата“ на Заев

ДУИ и останатите партии од албанскиот блок сами ќе одлучувале дали и кого ќе менуваат од министерските места.

Четворица министри во владата се речиси сигурни дека ќе бидат „изметени“ во најавената операција „метла“ на премиерот Зоран Заев, брифираат за НетПрес, партиски извори во СДСМ.

Според нашите информации, први на листата за отстрел наводно се: Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, потоа Венко Филипче, мининстер за здравство, Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции и Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија

Кочо Анѓушев

За вицепремиер Анѓушев се врзуваат повеќе афери кои посочуваат на негова огромна заработка на незаконски начин, но неспорна досега беше силната поддршка од премиерот. Еден од скандалите беше и тендерот од 2,6 милиони евра на фирмата на Анѓушев  „Фероинвест“.

Имено, Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

Во јавноста реакции предизвика и скандалозен тендер на фирмата на вицепремиерот „Брако“, вреден скоро 40.000 евра за набавка на заштитна мрежа на одрони покрај патот добиен од Агенцијата за патишта на Република Македонија. А, исто така компанијата „Каст инвест“ во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик, доби 160.000 евра од Фондот за иновации. Набргу, под притисок на јавноста, Анѓушев се откажа од грантот.

Анѓушев е под лупа и на Антикорупциската комисија за бизнис зделка преку фирмата МХЕ „Тополки“, каде според пријавата тој е еден од сопствениците, а брат му е управител. Антикотупциска ќе истражува дали има корупција и судир на интереси во тоа што фирмата со непосредна спогодба го добила градежното земјиште за хридорцентрала.

Зорица Апостолска

Филипче, пак, се шпекулира дека ќе биде сменет од министрската фотелја, поради лошо менаџирање на здравството, одливот на доктори и друг медицински кадар, скандалот со вакцините, со тендерите, и повеќе смртни случаи….

Апостолска и Шапуриќ пак, се цени дека имаат остварено многу слаби резултати во работата. За нив се вели дека „едноставно јавноста заборави дека воопшто и се вработени во владата“.

Радмила Шекеринска

Радмила Шекеринска нема да биде опфатена со „метлата“, поради своето силно влијание и голем број приврзаници во СДСМ, а со неа заштита наводно имал и Дамјан Манчевски како нејзин близок човек. Иако и Шекеринска има афери, со парите за невладини што ги додели Министерството за одбрана, со скандалозните набавки за морска храна и апетисани вредни илјадници евра, со тендерот за чизми за војниците…

Исто така, Оливер Спасовски, како близок до Заев, според неофицијални информации, нема да биде опфатен од „метлата“. Иако и со него се поврзуваат афери како набавката на „шкодите“ за полиција без тендер, со голем број нерасчистени убиства и други криминални случи,

ДУИ и останатите партии од албанскиот блок сами ќе одлучувале дали и кого ќе менуваат од министерските места.