Четворица мртви во пукање во Мериленд, меѓу нив и напаѓачот

Жена вооружена со огнено оружје убила три лица и уште три ранила пред да изврши самоубиство во четвртокот во индустриската зона во Перимени, во американската сојузна држава Мериленд, стотина километри северно од Вашингтон, објави локалната полиција.

Младата дваесет и шестгодишна жена која работела во магацин за фармацевтски производи во градот Абердин од сѐ уште неутврдени причини пукала на колегите по девет часот по локално време, а потоа извршила самоубиство. Шерифот на округот Харфорд, Џефри Гејлер потврдил за медиумите дека повеќе луѓе се ранети и дека има повеќе мртви.

Репортерот на телевизиската мрежа NBC News изјавил дека од повеќе полициски извори дознал дека напаѓачот е жена. Полициски извор за агенцијата Reuters рекол дека се верува дека осомничената личност имала проблеми поврзани со работата. Користела само еден пиштол, рекол шерифот, а полицајците кои стасале на местото на настанот не пукале.

Инцидентот се случил во центар за дистрибуција на синџирот аптеки „Rite Aid’“ кој е опкружен со други магацини. Во центарот работата околу илјади луѓе, а подготвува испораки за стоки за лекови за повеќе од 2.500 аптеки.