Четворица навивачи на Наполи прободени пред дербито со Интер

– Пред и за време на натпреварот во Милано, синоќа се случија конфликти меѓу навивачите на Интер и на Наполи. Како што објави „Фудбал Италија“ четворица навивачи на Наполи се прободени со нож.

Четириесет и три годишен навивач беше хоспитализиран со убоди на рани во стомакот, додека останатите тројца поминале со полесни повреди.

Во исто време, додека траеле судири низ улиците на Милано, еден навивач на Интер бил удрен од автомобил. Според извештаите на медиумите, тој се здобил со сериозни повреди и е хоспитализиран.

Натпреварот заврши со победа на Интер од 1:0.