Четворица нови осомничени за „Рекет“

Истрагата за случајот „Рекет“ ќе се прошири на уште четири лица кои се сомничат дека учествувале во незаконските активности на првоосомничениот во предметот, Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски вели дека овие четири лица се сомничат за перење пари и помагање во делот на измамата. Според него, осомничените побарал да постигнат спогодба односно да признаат вина и да му помогнат на обвинителството во истрагата.

Четворицата биле вмешани во трансферот на парите во износ од 720 илјади евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“, невладината организација која што ја предводеше Јовановски.