Четворица нови заболени од морбили

Уште четири нови случаи заразени со мали сипаници денеска беа примени во Килиниката за инфективни болести, пациентите не биле вакцинирани со вакцината МРП.

-Од новопримените деца на Инфективна клиника, едното дете е на возраст од пет години и тоа е од Сопиште, другото дете е од Аеродром на возраст од 1,5 години, а третото е од Карпош и е на возраст од 2,5 години. Ниту едно од нив не одело во градинка, ниту пак биле вакцинирани. Возрасниот е од тетовското село Брвеница, има 26 години и тој е со непознат вакцинален статус, велат од Министерството за здравство.

Засега во клиниката се лекуваат 13 пациенти, а досега се регистирани над 70 пациенти. Вкупно се вакцинирани 3.760 деца.