Четворица осомничени за убиството на претседателот на Хаити предадени на САД

Тројца американско-хаитски државјани и Колумбиец им се предаден на САД во вторникот поради вмешаност во убиството на хаитскиот претседател Жовенел Моисе во јули 2021 година.

Четворицата мажи, кои беа досега во притвор на Хаити, во среда ќе бидат изведени пред сојузен суд во Мајами каде ќе им биде прочитано обвинението, се наведува во соопштението на министерството за правосудство. Други тројца се претходно беа донесен во САД за да одговараат за атентатот.

Педесет итригодишниот Жовенел Моисе ноќта меѓу 6-ти и 7-ми јули 2021 година во неговата приватна резиденција близу хаитската престолнина Порт-о-Прес го уби група платени убијци а притоа не реагираше неговото лично обезбедување. Неговата смрт дополнително го зголеми хаосот во малата и сиромашна карипска земја.

Хаитската полиција набрзо уапси четириесеттина осомничени, половината од нив поранешни колумбиски војници, коишто биле врбувани од компанијата за приватно обезбедување и приватна воена компанија CTU со седиште во американската сојузна држава Флорида.

Тогаш портпатолот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, потврди дека шестмина од осомничените за заговорот за убиство на претседателот на Хаити, Жовенел Моисе, биле обучувани според американските воени програми додека служеле во вооружените сили на Колумбија.

Истрагата подоцна закочи поради неспособноста на правосудниот систем на Хаити. Ја презема американското правосудство, надлежно за случаи на организирање убиства на територијата на САД.

По првите тројца осомничени, подигнато е и обвинение против двајца американско-хаитски државјани37-гоидшниот Џејмс Солегес и 57-годишниот Џозеф Винсент, како и за 44-годишниот Колумбиец Херман Ривера за „здружување поради извршување убиство или грабнување надвор од американската територија“.

Во одвоено обвинување се товари 54-годишниот Кристина Санон, кој исто така е американско-хаитски државјанин и имал „политички амбиции“ на Хаити за „нелегален извоз на добра од САД“.

Како што се надева во соопштението за медиумите Солегас, Винсент и Ривера се сретнале на 6-ти јули 2021 година близу резиденцијата на претседателот на Хаити за да поделат оружје, при што Солагес рекол дека нивната задача е да го убијат Жовенел Моисе. На тројцата им се заканува доживотен затвор, а на Санон 20-годишна затворска казна.