Четворица починати, 200 новозаразени

78
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти од: Велес-2, Битола-6, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-3, Ресен-2. Починати се 4 лица, пациент од Скопје (70), пациент од Гостивар (58г.), пациент од Куманово (51) и пациент од Македонски Брод (66). Два пациенти се починати во болнички услови, два се починати вонболнички. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.754,  бројката на оздравени пациенти е 7.622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.609. Направените 1.828 теста се преку: ИЈЗ-868, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-162, Биотек-141, МАНУ -95, Жан Митрев (Филип Втори)-315, Систина со PCR метода -148, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-8, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 113.619 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот“, наведено е во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.