Четворица починати и 198 новозаразени од коронавирусот изминатите 24 часа

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.382 тестирања на примероци од кои 198 биле позитивни на Covid-19, а последното деноноќие забележани се и уште четири смртни случаи како последица од заразата со новиот коронавирус.

Со овие податоци за изминатите 24 часа, од почетокот на пандемијата во земјата од Covid-19 заболени се 8.530 лица, од кои починале 393 пациенти. Оздравени се 4.565 пациенти, а во моментов има 3.572 активни случаи.

– Скопје 83
– Куманово 12
– Дебар 1
– Штип 21
– Прилеп 2
– Тетово 9
– Струга 3
– Велес 2
– Битола 11
– Охрид 3
– Гостивар 10
– Радовиш 7
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Демир Хисар 3
– Свети Николе 27
– Кичево 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
– Скопје 71
– Штип 7
– Тетово 12
– Велес 1
– Битола 1
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кичево 1
– Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.