Четворица починати на инфективното одделение во велешката болница последното деноноќие

Во изминатото деноноќие на Инфективното одделение во велешката болница починати се четири пациенти. Најмладиот од нив е 51 годишен велешанец. Во текот на изминатото деноноќие починати се уште двајца велешани на возраст од 70 и 89 години. На Инфективното одделение починал и 68 годишен пациент од Свeти Николе.

Во велешката болница до вчера имаше 80 хоспитализирани пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата во Велес. Во целост беше исполнето Инфективното одделение со 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.

На кислородна поддршка до вчера беа 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.