Четворица починати пациенти во штипскиот ковид центар за 24 часа

Четворица пациенти починаа за едно деноноќие во штипскиот ковид центар.

Портпаролот на Клиничка болница – Штип Марина Шуманска за МИА вели дека тројца пациенти се од Штип на возраст од 78 и 86 години, а еден пациент на возраст од 75 години е од Берово. Тројца од пациентите не биле вакцинирани, а еден бил имунизиран. Шуманска посочи дека од починатите тројца се мажи и една жена.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 48, а во Кожното одделение се двајца пациенти. На постојана кислородна поддршка се 29 лица, а во дневната амбулатна прегледани се 59 пациенти од Штип и целиот источен регион. Слободни места во штипскиот Ковид центар има за 20 пациенти.

Во рок од два дена починаа шест лица, од кои петмина се од Штип, а еден од Берово. Сите се на возраст од 70 до 90 години.