Четворица повредени во голема лавина во Швајцарија, досега нема пријавени загинати

Голема лавина затрупа скијачи на падина во познатото швајцарско одморалиште Кранс-Монтана, при што се повредеи четири лица, од кои на едно е во животна опасност, но досега нема сознанија за жртви велат официлани претставници на локалните власти.

Осум хеликоптери, дванаесет обучени кучиња и повеќе од 240 полицајци, спасувачи и војници биле ангажирани во вторникот во потрагата по евентуално лица затрупани во снегот до поѓањето на ноќта.

„Спасувачите пристигнаа многу брзо на местото. Спасени се четири повредени лица, вклучително и еден човек чиј живот е во опасност, а тројца имаат претежно површински повреди“, изјави на прес-конференција началникот на кантоналната полиција на Вале, Кристијан Варон.

„Очевидците ни кажаа дека може да има повеќе лица затрупани под снегот, па затоа спроведуваме потрага со значителни средства“, додаде.

Рече дека лавината била по должина 840 метри и 100 метри во широчина, со снег со тежина од половина тон кој налетал на скијачката патека.

Фредерик Фавр, челник на одделот за полицијата и правдата во Вале, изјавил дека нема сознанија за загинати.

Претходно локалниот весник Nouvelliste, го цитираше началникот на општината Николас Феро, кој изјавил дека се верува дека меѓу 10 и 12 луѓе се заробени под снегот.

Лавината, којашто се случила во средината на попладнето, се урнача по цела седмица високи температури кои придонесоа за топење на снегот. Меѓутоа, швајцарскиот Институт за истражување на снегот и лавините, соопшти во вторникот дека опасноста за оваа област е само на второ ниво на скалата од пет.

Обвинителката Катрин Сепи потврди дека е отворена истрага. „Постојат две тези. Првата е дека неколку скијачи ја покренале лавината. Втората е дека станува збор за спонтана лавина поради климатските услови и во тој случај тоа ќе биде прашање на утврдување на одговорноста и безбедносните проблеми“, рече Сепи.

Филип Магитсрети, преседател на компанијата оператор со ски-лифтовите во Кранс-Монтана, во телефонски разговор за Reuters изјавил дека припадници на армијата, кои биле во одморалиштето, се придружиле во спасувачката операција.

„Количеството снег е неверојатно, два метра е длабок и долг 300 метри. Станува збор за ткн пролетна лавина, која е многу компакнта“, пишува Nouvelliste повикувајќи се на неименуван претставник на спасувачката операција. Кучињата за потрага и спасување во првичното пребарување во вторникот не нашле ниеден затрупан, додал.

Лавината се совпадна со училишните распусти во некои швајцарски кантони, меѓу го и Женева, како и во странство. Британскиот колец „Блекхет“ на Twitter објави дека сите ученици кои биле на скијање во областа биле безбедни.

Познатото одморалиште треба овој викенд да биде домаќин на две трки од Светскиот куп во женска конкуренција. Мариус Робир, задолќен за организацијата на трките, во вторникот беше цитиран од Tribune de Geneve, пред лавината рече дека имало 1 до 1,5 метар снега на скијачката патека Ла Национале. Додаде дека таа е затворена за туристите пред пробните возења и трките во спуст и комбинација. „Нашиот единствен ‘непријател’ е сонцето“, рече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.