Четворица повредени во невреме во Словенија

Најмалку четири лица се повредени во силното невреме што вчера ја погоди Словенија.

Словенечките медиуми јавија дека молња удрила на подрачјето на Велика планина кај Камник при што биле повредени четири лица.

Едно лице е потешко повредено, а три полесно, од кои две добиле изгореници од струјниот удар.

Повредените луѓе ги евакуирал хеликоптер.