Четворица повредени во сообраќајка кај Гостивар

22

На 06.08.2019 во 12,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) од Струга и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Б. и сопатник од истото возило Е.И.(23) од Струга кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.Ѓ.(40) и М.М.(22) и биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.