Четворица повредени во сообраќајка на патот Гостивар- Кичево

Четири лица се згрижени во гостиварската болница со повреди што ги задибиле во сообраќајна несреќа во која се судриле два автомобили на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според СВР Тетово, денеска околу 12 часот и 30 минути, е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации.

Во несреќата учествувале две патнички возила „фиат браво” со скопски и „ шевролет спарк” со охридски регистарски ознаки.

Повредени се четири лица, три од „шевролетот” и едно од „спаркот”, кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување лекарска помош.

Во тек е увид што го врши екипа од Полициската станица Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.