Четворица повредени во сообраќајка меѓу Прилеп и Крушево

архивска илустрација

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Прилеп-Крушево, потврдуваат од Министертвото за внатрешни работи.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „мерцедес“ и „ауди А6“, двете со прилепски регистерски ознаки.

Во двете возила имало возач и по еден сопатник кои се пожалиле на повреди, по што се пренесени во прилепската болница, информираат за Курир од МВР.

Од 19,30 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива наизменично, со пропуштање на возилата.