![несрека-520x309](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/nesreka-520x309.jpg?resize=520%2C309&ssl=1)
На 29.09.2019 во 11.50 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од село Велешта, струшко и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од сeло Октиси, струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.