Четворица повредени во судир на два „мерцедеси“ кај Струга

На 29.09.2019 во 11.50 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Долна Белица, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од село Велешта, струшко и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од сeло Октиси, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76),  кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.