4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Вчера во 19,10 часот на крстосница од улицата „Димо Хаџи Димов“ и улицата  Божидар Аџија“ во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од 53-годишниот Г.Ч. од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот Д.Б. исто така од Скопје.

По незгодата со возило на итна медицинска помош Г.Ч и неговиот сопатник 26-годишниот А.Т. од Гостивар биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор на А.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека Д.Б. и неговиот сопатник Д.А од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување  лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, стои во соопштението од МВР.