Четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Каменица

495

Четири лица се повредени ноќта кон средата на Македонска Каменица – Делчево, од кои две поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските клиники, извести Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила кусо по полноќ кога се судриле автомобил „застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот В.П. од Делчево, и „шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 25-годишниот А.Л. од Македонска Каменица.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „застава 125“, како и неговиот сопатник, 40-годишниот И.Н.(40), исто така, од Делчево. Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Возачот на „шкодата“ и сопатникот 25-годишниот Ѓ.С. од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.