Четворица приведени за напад на вработен на бензиска пумпа во Ченто

Четворица мажи од скопското село Стајковцки се приведени во средата, поради пријава дека три дена претходно физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто.

Полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 , информира МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.