Четворица скопјани ограбени на Бит пазар под закана со пиштол

Малку полноќ во вторникот четири лица од Скопје пријавиле во полиција дека биле ограбени од неколку непознати лица под закана со огнено оружје.

На 15.09.2020 во 00:49 часот во Полициската станица Чаир, 36-годишниот Р.С. од Скопје пријавил дека додека со својот автомобил „даеву рејсер“ бил на паркинг просторот зад поликлиника Бит пазар, заедно со 19-годишниот Р.К., 31-годишниот С.А. и 28-годишниот Р.В., сите исто така од Скопје, неколку лица со закана со пиштол им одзеле пари и лични документи.

Притоа, според пријавеното, лицата испукале два куршума во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.