Четворица тетовци уапсени со дрога во Охрид

Охридската полиција во неделата привела четворица млади мажи од тетовското село Пирок, откако при проверка на нивното возило е пронајдено извесно количество наркотици.

Според извештајот на СВР Охрид, приведени се Х.Ќ.(26),  Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23), сите од тетовското село Пирок. При контрола на возило „ауди“ во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пронајдена е кеса со кокаин и марихуана.  По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна  пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.