Четворица ученици фрлиле соученичка низ прозорец

Четворица ученици од основно училиште во Аеродром фрлиле низ прозорец соученичка, информираше МВР. Инцидентот се случил во петокот во училиштето.

Случајот во ПС Аеродром денеска го пријавил Е.Ц.(50), според кого инцидентот се случил во периодот од 10.30 до 11.00 часот во училиште во населбата за време на малиот одмор. Четворица малолетници-ученици фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата на приземјето и ја фрлиле.

Девојчето добило полесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.