Пет верници убиени на Прочка пред црква во Дагестан

Засега непознат напаѓач отворил оган врз верници коишто излегувале од црква во градот Кизлјар, во кавкаската мнозински муслиманска руска република Дагестан, по литургијата на православниот христијански празник Прочка, при што пет лица се убиени а уште пет биле ранети, пренесуваат руските новински агенции повикувајќи се на локалните безбедносни сили.

„Според првичните информации, загинаа четири лица и пет се ранети, сите се цивили. Тие се вражале по службата во храмот, кога врз нив бил отворен оган. Напаѓачот е застрелан“, го цитира агенцијата РИА соговорникот од безбедносните служби. Подоцна беше потврдено дека уште еден од ранетите починал во болница.

Соговорникот на агенцијата ТАСС рекол дека според прелиминарните податоци, во престрелката е ранета една жена како и двајца припадници на гардата.

„Парохјаните се подготвувале да ја напуштат црквата на свети Георги Победоносец, кога непознат отворил оган врз нив од ловечка пушка. Тој убил четири лица, ранил жена и двајца припадници на безбедносните органи, најверојатно на Руската гарда. Во возвратниот оган тој бил убиен“, рекол неименуваниот извор.

Според извори од Комисијата истраги за Дагестан, станува збор за 22-годишне локален жител, чиј идентитет уште не се открива а се проверува дали бил поврзан со радикални исламистички групи од регионот.