Четворица вработени во Антикорупциска комисија позитивни на корона вирус, поради изборите се бара тестирање и за членовите

Четворица вработени во антикорупциската комисија се позитивни на корона вирус дознава Телма. Според информациите се работи за луѓе од Секретаријатот на комисијата, а кај една од нив првиот позитивен тест бил пристигнат пред три денови.

По ова се тестирале и дел од  колегите па се добиени останатите три позитивни тестови. Ваквите информации ги потврдува и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.

Вели дека ги почитувале сите протокли, во моментов се работи епидемиолошка анализа на контактите.

Бара сите вработени да бидат тестирани бидејќи од следната недела започнува предизборната кампања  а улогата на комисијата е битна во набљудување на изборите.

Двајца епидемиолози веќе биле во антикорупциската. Тие ги прават проценките, но според министерот Венко Филипче веднаш ќе бидат тестирани по индикации односно оние вработени кои имале комуникација со заразените и се под ризик, за останатите вели нема потреба од тестирање.

Инаку во антикорупциската  пристигнуваат сите приговори за време на предизборната кампања на политичките партии, а членовите на дкск на јавни седници одлучуваат по нив.

Кампањата стартува на 24 месецов и покрај тоа што не стивнуваат бројките на нозовозаразени. Меѓу нив сега е регистрирана и мајката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Тој ја потврди информацијата но не оди во самоизолација бидејки немал контакт со неа.

Инаку на почетокот на месецов голем дел од раководството на СДСМ беше во самноизолација откако позитивен се покажа тестот на претеникот Мухамед Зекири.

Тој и директорката на УЈП Сања Лукаревска се веќе оздравени.

Сега на неколку денови пред кампања под ризик да затвори е антикорупциската комисија.

Четворицата вработени се добро, речиси и без симптоми но не се знае дали тие го рашириле вирусот кај останатите свои колеги.