Четворица вработени во телевизијата Канал 5 од денеска ќе бидат во самоизолација.
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска истакна дека епидемиолозите се во комуникација со одговорните од телевизијата и се направени се интервјуа со сите вработени кои биле во контакт со заболениот уредник.
Главниот уредник на Канал 5 Гоце Михајлоски е првиот заразен новинар од коронавирусот во Македонија. Првиот тест кој Михајлоски го направил на 7 април бил негативен, за два дена подоцна вториот да излезе позитивен.
Викендот на 28 и 29 март, тој бил во посета на своите родители во Прилеп, од каде се вратил и наредниот ден продолжил нормално со својата работа. Откако се појавиле симптомите на Ковид 19 на 5 април, веднаш го напуштил своето работно место.