Четворица загинати во експлозија во рудник за јаглен во Полска

Четворица рудари загинале а седуммина се повредени во експлизија во рудник за јаглен на југот Полска во средата утрото, за која сопственикот на рудникот вели дека веројатно била експлозија на метан.

Компанијата оператор JSW рече дека експлозијата во ридникот за јаглен Пниовек се случила набрзо по полноќ на длабочина од илјада метри.

Во тоа време во областа се наоѓале вкупно 42 рудири, од кои 21 е пренесен во болница. Болнички извори за медимите рекле дека повеќето повредени имаа изгореници.

„Многу тажна вест. Четворица рудари загинаа од последици на експлозија во рудникот Пниовек. Се трага по уште седуммина… Се придружувам на молитвите на семејствата на рударите“, напиша на Twitter вицепремиерот Јацек Сасин.

Од JSW соопштија дека во спасувањето учествуваат 13 тимови, но дека операцијата привремено е прекината.

„Акцијата за спасување привремено се запира додека бариерата од прав, која ја штити базата од експолизија на метан, не се обнови“, се наведува во соопштението на компанијата и додаваат дека на семејствата на настраданите им помагаат психолози.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека неговите мисли и молитив се со семејствата на рударите и дека ќе отпатува на местото на несреќата.