Некатегоризирано

Четворица застрелани во источна Канада, убиецот во бегство

Четворица застрелани во источна Канада, убиецот во бегство

Најмалку четири лица се убиени при пукање во источниот дел на Канада, соопшти канадската полиција.

Инцидентот се случил во градот Фредериктон.
Полицијата преку социјалната мрежа Твитер ги предупреди граѓаните поради безбедносни причини да останат во своите домови, да ги заклучат вратите и да не отвараат никому.

Пукањето се случило по 8 часот утрово, а два часа потоа полицијата уапсила едно лице поврзано со инцидентот, но продолжува истрагата во текот на која реонот Бруксајд Драјв и понатаму ќе биде затворено. Според новинарските екипи, на терен дошле и полициски оклопни возила.

Не се познати мотивите за нападот.

Пожарникарите од граѓаните побараа да не објавуваат на социјалните мрежи каде се двиќат полициските сили.