Четврт век редефинирање на рок-концертите и U2

Од турнејата Zoo TV проследена со големите телевизиски екрани до актуелната турнеја Experience + Innocence со која штотуку ја обиколуваат Европа, рок-бендот U2 во последните 25 години не престана да создава нови дефиниции на рок концертите.

Zoo TV (1992 – 1993)

Како поддршка на албумот „Achtung Baby“ од 1991 година, U2 креираше дотогаш невиден сценски настап. Нешто што дотогаш не го приредија ниту легендарните Британци The Rolling Stones или, пак, американската поп икона Мајкл Џексон.

Во абиентот сличен на оној од култниот филм „Blade Runner“, некогашните источногермански „трабанти“ висеа од плафонот на сцената и служеа како осветлување. Зад нив се наоѓаа големи екрани со снимки и телевизиски програми кои вокалистот Боно Вокс ги менуваше со далечински управувач.

Пред таквата парада од слики и иронични слогани, како на пример „Сé што знаете е погрешно“ или „Гледајте повеќе телевизија“, на настапите целосно доминираше фронтменот на бендот. Понекогаш се маскираше во мува, со големи темни очила кои му даваа ефект на очи на инсект, повремено во телевизиски проповедник сличен во костимографијата на митскиот Елвис Присли, а на крајот во МекФисто, својот дијаболичен двојник.

Како последен лик од сцената секоја вечер повикуваше некого. Неговите повици беа непредвидливи: еднаш тоа беша такси компанија, па пицерија, неговата сопствена телефонска секретарка… Меѓутоа, исто така, и политичарите и славните јавни личности како тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот, германскиот канцелар Хелмут Кол, Алесандра Мусолини, внуката на италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини – и самата пратеничка на десната Напред Италија, челникот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори или на творецот на француската крајна десница Жан-Мари Лепен, кому ми честитаташе „на добро завршената работа“.

Pop Mart (1997 – 1998)

Овојпат U2 го исмејуваа конзумеристичкото општество, по издавањето на албумот „Pop“ од 1997година. Сценскиот гигантизам беше задржан и на оваа турнеа, но имаше помалку украси: големиот жолт лак потсетуваше на М-то од синџирот ресторани за брза храна „McDonalds“, најголемиот екран на светот дотогаш потсетуваше на количка од супермарект, а беше присутен и џиновскиот лимон од кој групата се спушташе на сцената за да го отпее хитот „Discotheque“. Настапите ги следеа и цртежите на Рој Лихтенштајн, еден од основачите на поп-артот, и на Кит Харинг, уметник и активист чии дела се врзани со уличната култура во Њујорк во 1980-те. Исто така, се изведуваа и караоке на класици од другите членови на бендот.

За да ја најават оваа турнеја, U2 организираа прес-конференција во сипермаркет, кој му припаѓа на синцирот „Kmart“. Стануваше збор за маркетиншка операција за којашто многу се дискутираше, но многу помалку од поставувањето на албумот „Songs of Innocence“ на Itunes во 2014 година. Ова „музичко милосредие“ не беше најдобро примено кај многу корисници, коишо го видоа како обид за наметнување.

U2 360 (2009 – 2011)

Откако се решија за враќање во салите и поинтимна атмосфера на турнејата Elevation во 2001 година, кога сцената максимално беше издолжена во гледалиштето, U2 продолжија во истата насока, меѓутоа повторно на стадиони. Се врати концептот на централна сцена, со четири гигантски столбови во облик на канџи високи 30 метри и со купола на врвот, во кои беа вградени звучници, екрани и осветлување.

Освен што дејствуваше импресивно, ваквиот концепт имаше уште една цел, имено со поместувањето на задниот ѕид со звучниците за многу го зголемуваше капацитетот на гледалиштето. Така U2 беа од сите страни со гледачите, а како последица на ваквиот потег оваа турнеја беше најпрофитабилната во историјата на рокот со заработка од 736 милиони долари и седум милиони гладачи.

Experience + Innocence (2018)

Како поддршка на промоцијата и продажбата на албумот „Songs of Experience“ објавен минатата 2017 година, U2 се враќаат на наткривените простори и воведуваат најнови технологии, со сцена којашто го раздвојува просторот на два дела, LED екран со висока резолуција и димензии од 30 на 8,5 метри, како и со модерен систен на озвучување кој се наоѓа на разлини места во салата за да се постигне хомогеност и континуираност на звукот.

Со тоа U2 на актуелната турнеја ветуваат потполно искуство каде и да е во просторот, , пишува агенцијата AFP во текстот посветен на последната серија концерти на славните Ирци.