Четврта Парада на гордоста во Сплит, стигнува поддршка од Загреб

Четвртата Парада на гордоста во Сплит ќе биде одржана на 7 јуни, а поддршка за организаторите стигнува од Загреб прајд кои изразуваат солидарност во заедничката броба за рамноправност, достоинство и права на ЛГБТ лицата.

Тие наведуваат дека улиците низ градовите каде што ќе поминат ќе претставуваат сцена од која што ќе повикат на потполна рамноправност и солидарност во борбата за еднаквост и достоинство на сите луѓе во Хрватска.

„Слободен и антифашистички Сплит кој ќе се собере на Поворката на гордоста е иднината на нашата земја која припаѓа на сите нас, солидарни борци за потполна рамноправност која сигурно доаѓа. Ништо не може да не сопре, “ порачуваат од Загреб Прајд.

Истовреме на својата поворка, 13 по ред која на 14 јуни ќе се одржи на улицата на претстолнината, ги повикуваат сите оние кои „сакаат да бидат на вистинската страна и презема одговорност не само за себе, туку и за идните генерации,“ пренесува Хина.