Четврта победа во низа на Клиперс, Јута втора ноќ со пораз

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќта кон понеделникот со 120:107 ги совладаат Шарлот Хорнетс, остварувајќи ја петтата победа сезонава а четврта последователна, додека Јута Џез втора ноќ по ред се поразени – од Орландо Меџикс со 100:107.

За исходот во Лос Анџелес клучни беа втората и последната четвртина кои Клеперс вклупно ги добија со 61:38.

Кај домашните шест играчи беа со двоцифрено остварување, Пол Џорџ беше најефикасно со 20 коша, 9 скокови и 8 асистенции, Реџи Џексон додаде 19 поени со 6 асистенции, додека Лук Кенард постигна 18 коша, а Ивица Зубац додаде 14 коша со одличен шут од 3 од 3 од игра и 8 од 8 од линијата за слободни фрлања а додаде 11 скокови и две блокади.

Кај Хорнетс најефикасни беа Ламело Бол и Мајлс Бриџес со по 21 кош.

Јута Џез втора вечер во низа впишаа пораз , овојпат од Орландо Меџикс со 100:107, и првпат сезонава врзаа два пораза откако во саботата загубија со 115:118 од Мајами Хитс.

Играчите на Џез се чини истрошија многуи енергија во мечот со Хитс, па против Меџикс немаа свежина и прецизност, па гостите промашија дури 18 од првите 20 шута за „тројка“.

Кај Орландо Кол Ентони одигра голем меч со 33 коша, додека Вендел Картер додаде 22 коша со 15 скокови и 6 асистенции. Кај Џез најефикасни беа Руди Гобер и Донован Мичел со по 21 кош.

Актуелните НБА прваци, Милвоки Бакс се поразени на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 94:101. Таа беше седмата победа на Визардс во првите десет натпреари сезонава, додека Бакс се на соодносот 4-6.

Вашингтон одигра одлична одбрана, ограничувајќи го Милвоки на само 39 отсто реализирани обиди. Кај Бакс најефокасен беше Јанис Адетонкумбо со 29 коша и 18 скокови, а Грејсон Ален додаде 19 поени.

Голден Стејт Вориорс ги победија Хјустон Рокетс со 120:107 и со сооднос 8-1 ја предводат лигата. Џордан Пул постигна 25 а Стеф Кари 20 коша за Вориорс, додека Џејшон Тејет го предводеште Хјустон со 21 кош и 10 скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто Репторс – Бруклин Нетс 103:116
Њујорк Никс – Кливленд Кавалирс 109:126
Орландо Меџикс – Јута Џез 107:100
Вашингтон Визардс – Милвоки Бакс 101:94
Сакраменто Кингс – Индијана Пејсерс 91:94
Оклахома Сити Тандера – Сан Антонио Спарс 99:94
Голден Стејт Вориорс – Хјустон Рокетс 120:107
ЛА Клиперс – Шарлот Хорнетс 120:106

ТАБЕЛА

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Филаделфија 76ерс 8 2 .800 –
2. Бруклин Нетс 7 3 .700 1
3. Њујорк Никс 6 4 .600 2
4. Торонто Репторс 6 5 .545 2 1/2
5. Бостон Селтикс 4 6 .400 4

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 6 3 .667 –
2. Кливленд Кавалирс 7 4 .636 –
3. Милвоки Бакс 4 6 .400 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 4 7 .364 3
5. Детроит Пистонс 1 8 .111 5

Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 7 2 ,778 –
2. Вашингтон Визардс 7 3 .700 0 1/2
3. Шарлот Хорнетс 5 6 .455 3
4. Атланта Хокс 4 6 .400 3 1/2
5. Орландо Меџикс 3 8 .273 5

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 8 1 .889 –
2. Феникс Санс 5 3 .625 2 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 5 4 .556 3
4. Сакраменто Кингс 5 5 .500 3 1/2
4. Лос Анџелес Лејкерс 5 5 .500 3 1/2

Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 6 3 .667 –
2. Мемфис Гризлис 5 4 .556 1
3. Сан Антонио Спарс 3 7 .300 3 1/2
4. Њу Орлеанс Пеликанс 1 9 .100 5 1/2
4. Хјустон Рокетс 1 9 .100 5 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 7 3 ,700 –
2. Денвер Нагетс 5 4 .556 1 1/2
3. Портланд Трејл Блејзерс 5 5 .500 2
4. Минесота Тимбервулвс 3 5 .375 3
5. Оклахома Сити Тандерс 3 6 .333 3 1/2