Четврти ден изборна кампања: СДСМ во Кичево, ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, ДУИ во Гостивар

33

Политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори на 15 јули, продолжуваат со предизборните партиските активности терен.

На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе ја посети скопската општина Центар и Кичево.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ пак, изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.

Кандидатот на ДУИ за  премиер Насер Зибери, денеска заедно со кандидатите за пратеници ќе го посети Гостивар, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.