Видео| Четврти ден протести против францускиот предлог, демонстрантите фрлија петарди на полицајците

Граѓаните и денес излегоа на протест пред Владата. Иако имаше големо невреме во зафати Скопје, тоа не ги поколеба од улица да го кажат своето НЕ за францускиот предлог. Иако денес во значително помал број, за разлика од претходните денови,  македонските граѓани покажаа дека нема да се откажат од својата цел.

На протестот организиран од опозицијата, граѓаните бараат да не се потпише францускиот предлог, затоа што тој е штетен за националните интереси, а се бараат и оставки од властите и предвремени парламентарни избори.

Уште на почетокот од протестот, се случи мал инцидент. Собраните граѓани им дофрлуваа на полицајците кои се пред Владата во кордон, за тоа „кого штитат“ и зошто не им се придружуваат, а потоа фрлија и неколку петарди кон нив, јавува ТВ21.

Пред Владата демонстранти го искажаа својот револт. Тие порачаа „Никогаш Северна, само Македонија“, а на високите функционери им порачаа „Предавници“!

Граѓанин кој протестира против францускиот предлог, пред камерите побара оставка од премиерот Димитар Ковачевски.

„Граѓаните се собрани тука за да му кажат стоп на Ковачевски. Сакаме да му порачаме на Ковачевски да си даде дефинитивна оставка и дефинитивно да има избори“, порача тој.

Од Владата граѓаните се упатија кон МНР и Собранието.

Водени топови, оклопни возила, куп специјалци чекаат зад Собрание, додека пред Собранието има собрано илјадници граѓани, за да протестираат против омаложувачкиот француски предлог.