Четврти министер ја напушти владата на Словачка поради несогласувања за ковид-мерките

Марија Коликова

Словачката министерка за правда Марија Коликова поднесе оставка во вторникот и таа е веќе четвртиот министер кој ја напушта владата последните неколку дена поради продолжените несогласувања околу политиките во време на епидемијата на коронавирусот кои се закануваат да ја растурат целата владејачка коалиција.

Коалицијата на четирите партии предводена од конзервативниот премиер Игор Матович со месеци наназад е во конфронтации околу вистинската стратегија за запирање на ширењето на коронавирусот.

Министерот за здравство Марек Крајци, од Партијата на обичните луѓе (OLANO), меѓу првите, минатиот петок, го започна бранот оставки, повлекувајќи се од должноста како симболична фигура на хаотичната епидемиолошка политика. По него оставка поднесе и министерот за труд.

Министерот за стопанство, Рихард Сулик, главниот ривал на премиерот Матович во коалицијата, поднесе оставка набрзо по Коликова во вторникот. Коликова, поранешна адвокатка и член на партијата За луѓето најмалата во владејачката коалиција, изјави дека како и Сулик, повеќе не моќе да остане во заедничка влада со Матович.

Двата помала коалициски партнери го обвинуваат Матович дека самиот себеси си е најважен и на него на ставаат вината за тоа што Словачка има повеќе смртни случаи поврзани со Covid-19 во однос на бројот на жителите од која и да е друга земја.