Tабела НБА: Четврти пораз на Клиперс, Денвер го разби Далас

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ноќта кон саботата го одиграа петтиот натпревар во новата сезона во НБА лигата и го впишаа веќе петтиот пораз, откако беа поразени од домашниот Портланд Трејл Блејзерс.

Портланд победи со 111:92 во натправарот во кој Клиперс до почетокот на последната четвртинаа имаа дофатливо заостанување до „минуст 10“, но во последниет дванаесет минути потонаа.

За тоа придонесе долгата шутерска делница на Демиен Лилард кој дуелот го заврши со 25 поени и притоа погоди пет од седум шута за „тројка“, а кај Портланд се истакна и Јусуф Нуркиќ со 14 поени и 17 скокови. Кај Клиперс практички целиот натпревар самиот го туркаше Пол Џорџ кој оствари 42 поени со шут 15 од 24 а за „тројки“ шест од девет.

Иако неговиот настап за дуелот беше неизвесен поради повреде Никола Јокиќ заигра за своите Денвер Нагетс кои ги декласираа Далас Маверикс со 106:75. Јокиќ постигна 11 поени со 16 скокови и 8 асистенции, На спротивната страна Лука Дончич реализираше 16 поени но со невообиено за него лош шит со 5 од 18.

Леброн Џејмс и Кармело Ентони ги водеа Лос Анџелес Лејкерс до одмашната победа над Кливленд Кавалирс 113:101. Џејмс постигна 26 коша со 8 асистенции, но имаше и 7 загубени топки и шит за 2Тројка“ смао 1 од 10. Ентони далеку подобро ги користеше своите напаѓачки минути и постинга 24 поени со одличен шут 9 од 12 и уште подбри 6 од 8 за „тројка“.

Бруклин Нетс ги победија Индијана Пејсерс со 105:96, а славеник на натпреварот беше домашниот играч Ламаркус Олдриџ кој 17 од своите 21 кош оствари во второто полувреме. Воедно со тоа ја проби границата од 20.000 поени во кариерата, со што тоа е само седмиот активен играч или вкупно 48-от во историјата на НБА Лигата.

Сепак, прво име на дуелот беше Џејмс Харден за Нетс постигна 29 коша од кои дури 16 од линијата за слободни фрлања со по 8 скокови и асистенции, додека Кевин Дјурант на крајот имаше 22 поени, 11 скокови и 7 асистенции.

Во дуелот на досега најдобрата одбана – на Мајами Хитс и на најдобриот напад – на Шарлот Хорнетс, победи одбраната. Мајами славеа со 114:99 со одличната изведба на Џими Батлер со 32 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

Фред Ванвлит постигна дури 16 од вкупно 19-те своите коша во последната четвртина за победата на Торонто Репторс против Орландо Меџикс од 110:109.

ТАБЕЛА

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Њујорк Никс 4 1
2. Филаделфија 76ерс 3 2
3. Торонто Репторс 3 3
4. Бруклин Нетс 3 3
5. Бостон Селтикс 2 3

ЦЕНТРАЛНА ПОДЕЛБА

1. Чикаго Булс 4 1
2. Милвоки Бакс 3 2
3. Кливленд Кавалирс 3 3
4. Детроит Пистонс 0 4
5. Индијана Пејсерс 1 5

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Вашингтон Визардс 4 1
2. Мајами Хитс 4 1
3. Шарлот Хорнетс 4 2
4. Атланта Хокс 3 2
5. Орландо Меџикс 1 5

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт Вориорс 4 1
2. Сакраменто Кингс 3 2
3. Лос Анџелес Лејкерс 3 3
4. Феникс Санс 1 3
5. Лос Анџелес Клиперс 1 4

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Далас Маверикс 3 2
2. Мемфис Гризлис 3 2
3. Хјустон Рокетс 1 4
4. Сан Антонио Спарс 1 4
5. Њу Орлеанс Пеликанс 1 5

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Јута Џез 4 0
2. Минесота Тимберволвс 3 1
3. Портланд Трејл Блејзерс 3 2
4. Денвер Нагетс 3 2
5. Оклахома СитинТандерс 1 4